ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Оваа политика за приватност ги опишува видовите на лични податоци што се складираат во оваа мобилна апликација и начинот на кој се користат собраните информации.

Оваа политика за приватност се однесува исклучиво на оваа мобилна апликација. Не преземаме никаква одговорност за заштитата на лични податоци внесени во други мобилни апликации.

Со пристапување и регистрација како Корисник на мобилната апликација, изјавувате дека сте запознаени со содржината и се согласувате со нашата Политика за заштита на лични податоци.


Собирање на лични податоци

Собирањето на лични податоци се врши во согласност со законските регулативи на Република Северна Македонија.

Лични податоци собираме само при регистрација како Корисник на нашата мобилна апликација, која е во сопственост на ТопТрејд, и прифаќаме информации што доброволно ги доставувате.

Податоци кои ги собираме: е-адреса, информации за возила. По желба на корисникот, може да се достават и регистрацискиот број и името на возилото.

Не собираме податоци од финансиска природа, како број на платежна картичка или банкарска сметка.


Користење на лични податоци

Вашите лични податоци ги користиме во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија.

Ќе ги користиме само за подобрување на функционалноста и искуството во мобилната апликација.

Не ги објавуваме, не ги продаваме и не ги предаваме вашите лични податоци на трети лица, освен на надлежните државни органи, на начин и во обем утврден со законските прописи на Република Северна Македонија.


Чување на лични податоци

Вашите лични податоци ќе се чуваат најдолго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани, по што ќе бидат избришани од нашиот систем.


Безбедност на вашиот профил

Вашето корисничко име и лозинка се основната заштита на вашиот профил.

Тие се уникатни и не треба да ги споделувате со трети лица.

Препорачуваме да користите комбинација од броеви, букви и специјални знаци при креирање на лозинката.

Ако сметате дека вашата лозинка е компромитирана или постои злоупотреба, веднаш контактирајте нè и сменете ја лозинката.


Малолетни лица

Родителите и старателите треба да ги информираат младите за безбедно и одговорно користење на лични податоци.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без согласност од родител или старател.

Ние не прибираме намерно ниту користиме податоци од малолетни лица.


Безбедност

Преземаме сите неопходни мерки за заштита на личните податоци, со цел да го минимизираме ризикот од неовластен пристап и злоупотреба.


Оваа политика за приватност е во сила од септември 2022 година.

Сите промени во Политиката за приватност ќе бидат јавно објавени на веб-страницата www.toptradeclub.mk најмалку 30 дена пред нивното стапување во сила.